Граѓаните на Србија до денеска предале 100.000 „цевки и мински експлозивни направи“ и четири милиони парчиња муниција, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека нема да има дополнително продолжување на кампањата за собирање оружје.
Акцијата е покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.