Гордоста на американската морнарица, најсовремениот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово заплови во Сплит.
Долг е повеќе од 330 метри и висок 76 метри, како просечен облакодер, со 25 палуби, пишува Кликс.
Изградбата чинеше 12,8 милијарди долари, а уште 4,7 милијарди долари беа потрошени за истражување и развој.
Може да носи 75 авиони.
Екипажот, вклучувајќи го и летачкиот персонал, се состои од 4.500 луѓе.
Овој фасцинантен брод го добил името по 38-миот претседател на САД, Џералд Форд.
Американската амбасада во Загреб соопшти дека оваа посета служи за подобрување на односите меѓу САД и Хрватска.