Балкан

Шок! За овој предмет на факултет се пријавил само еден студент! Еве ги факултетите со најмал интерес

Шок! За овој предмет на факултет се пријавил само еден студент! Еве ги факултетите со најмал интерес

На Факултетот за физика на Универзитетот во Белград, на насоката Општа физика, чии дипломирани студенти подоцна го предаваат овој предмет во училиштата, пријавен е само еден бруцош, за дури 25 места!

Алармантна е состојбата на Хемискиот факултет каде за предметот Настава по хемија се пријавиле само седум бруцоши, а слободни се 25 места, додека на Математичкиот факултет во Белград за предметот Општа математика се пријавиле 135 кандидати, а бројот од планираните места е дури 250.

Ништо подобра не е состојбата и на Филолошкиот факултет во Белград, најзагрозен е српскиот јазик и литература за кој годинава се пријавиле само 34 кандидати од планираните 100 места.

За работното место наставник на Факултетот за обука на наставници во Нови Пазар се пријавиле 29 средношколци, а за насоката Образование на наставници се пријавиле само тројца средношколци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни