Возачите кои денеска го поминаа западниот транзит на Бања Лука беа изненадени од неверојатна глетка. Претседателот на Република Српска излегол од лимузината во Бања Лука и почнал да ја коси тревата.
Колоната возила застана пред семафорите. Додик излегол од скапиот „мерцедес“ и посегнал по косата. Старо, добро, рачно, со нова рачка, пишува Српскаинфо.
На крајот од работата, ја косеше огромната трева што растеше на островот покрај патот, при што им го прикриваше погледот на возачите.
Већ сам интервенисао код надлежних да овај простор буде уредан, чист и покошен. Пошто вјерујем да се они угодно одмарају, одлучио сам да све сам покосим!
Ово је посљедњи пут да радим њихов посао. pic.twitter.com/ueU91SFC5E— Милорад Додик (@MiloradDodik) June 29, 2023
Додик на Твитер објави и видео.
Овој нов настап на Додик следеше по драмата во Градската управа на Бањалука, кога градоначалникот Драшко Станивуковиќ го обвини претседателот на градското собрание Љуба Нинковиќ од СНСД за неработење.
Станивуковиќ ја заменил бравата од канцеларијата на Нинковиќ за да не може да влезе и ја фрлил фотелјата на скалите од влезот на Градската управа.