Индиец кој веќе извесно време живее во Србија и на социјалните мрежи редовно објавува видеа кои сведочат за неговите впечатоци, сега повторно привлече внимание. Освен што научил српски, тој покажал дека научил и да штеди живеејќи тука, со оглед на тоа што првично станал познат по тоа што платил дури 600 евра кирија.
Сега Акаш објави како може да се јаде за само едно евро во студентската менза.
Имено, тој го снимил одењето во мензата со својот пријател, каде за својот оброк избрал парче пилешко бело месо со зеленчук, додека неговиот пријател земал и салата (цвекло).
Најдобрата храна во Србија за 1 евро
Како што воодушевено рече на српски, тоа е одличен ручек за исклучително малку пари.
Неговата снимка беше исклучително забележлива, а освен оние кои му посакаа пријатен оброк или евентуално му го коригираа изговорот на српскиот јазик, имаше и такви кои ги интересираше дали тој оброк е само за студенти.
@aakashahlawatvlogs1 Najbolja hrana za 1€ u srbiji 🇷🇸😍 #aakashahlawatvlogs #beograd #serbia #belgrade #balkans #balkanci #studenskidom ♬ sunet original – Dacian Izgărian