Балкан

Татко и дете се затруле со киселина во Пирот, итно се пренесени во болница

Татко и дете се затруле со киселина во Пирот, итно се пренесени во болница

Во Општата болница во Пирот околу полноќ се примени татко (28) и двегодишно дете поради сомневање за труење со киселина, јавува „Блиц“.

И таткото и детето се пренесени од Пирот во КЦ Ниш.

Оперативната работа на полицијата за утврдување на сите околности на овој случај е во тек.

За се е известено надлежното обвинителство, дознава „Блиц“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни