Царинската управа соопшти дека на граничниот премин Градина кон Бугарија е спречен обид за шверц на речиси 600 грама златен накит чија вредност се проценува на 17.000 евра.
Прекршокот бил откриен во понеделникот на излез од Србија, кога на детален преглед бил одвоен автомобил со странски регистарски таблички, во кој освен возачот од Германија кон Бугарија патувале уште четворица возрасни патници и две деца.
Во багажникот на автомобилот била пронајдена торба полна со кутии со златен накит со вкупна тежина од околу 580 грама, а за која сопственичка тврдела четириесет и четиригодишна сопатничка.
Патниците се должни при преминувањето на границата да ги пријават сите вредни предмети за да се избегнат непријатности и ризикот да бидат привремено или трајно одземени, соопшти Царинската управа.