Британската парламентарка и претседателка на Комисијата за надворешна политика на британскиот парламент Алиша Кернс денеска ја обвини Српската православна црква дека учествува во шверцот на оружје од Србија во Косово. Кернс во денешниот говор на седницата на Парламентот на Велика Британија изјави дека оружјето од Србија се шверцува со амбулантни возила, а потоа се истоварува во православните цркви.
– Затоа безбедносната слика е толку сурова. Предолго не успеавме да ги повикаме вооружените српски милиции кои дејствуваат на северот на Косово. Владата е свесна, со војниците кои штотуку се вратија од служба во КФОР, дека оружјето преку граница се шверцува во православните цркви со амбулантни возила. Кога нашите војници се обидуваат да добијат дозвола за да одат да ги добијат, дозволите траат премногу долго. До моментот кога ќе се добие дозволата, изненадувачко изненадување, 911 се појавува во црквата и повторно го вади оружјето, рече Кернс.
This morning @aliciakearns noted that the British Army discovered that Orthodox churches in the north of #Kosovo are being used to store weapons.
Kfor was alerted but did not act. https://t.co/djr6ukO5mb pic.twitter.com/8xiUX0mciU— Aidan Hehir (@FarCanals) July 4, 2023
Таа додаде дека е „многу загрижена поради фактот што Британија и продава муниција на Србија“.
– Со оглед на тоа што локалната антитерористичка полиција изврши напади и киднапираше тројца косовски полицајци, од каде знаеме дека ништо што сме и продале на Србија не се користи во тој контекст – праша Кернс.
Говорот на британскиот парламентарец, кој неодамна се сретна со Аљбин Курти во Лондон , денеска го пренесоа порталите на албански јазик во Приштина.