Балкан

Зеленски доаѓа во Бугарија

Зеленски доаѓа во Бугарија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе ја посети Бугарија на покана на Владата.

Ова го дознава „24 часа“ од дипломатски извори.

Деталите за посетата на претседателот на Украина се уште не се прецизирани, но најверојатно таа ќе се случи во четврток. Од безбедносни причини, часовите на посетата на Зеленски се чуваат во тајност.

Посетата на претседателот на Украина доаѓа откако пратениците одбија да го слушнат неговиот апел за помош во минатиот парламент.

Пред неколку дена, пак, советникот на Зеленски, Михаило Подолиак, во интервју најави дека Бугарија треба да се гордее со начинот на кој и помага на Украина.

Претходно пратениците на 47. Собрание одбија да го слушаат министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. Тој помина неколку дена во Софија, обидувајќи се да преговара за воена помош, но поради учеството на БСП и Корнелија Нинова во тогашната администрација, не беше усвоена директна помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни