Балкан

Вучиќ: Српскиот народ во Косово е изложен на најлошата тортура во последните 15 години

Вучиќ: Српскиот народ во Косово е изложен на најлошата тортура во последните 15 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, му пренел дека српскиот народ во Косово е изложен на најлоша тортура и прогон во последните 15 години

Вучиќ разговарал со Лајчак за ситуацијата на Косово и Метохија, начините за смирување на тензиите на терен и спроведувањето на досега постигнатите договори.

„Уште еднаш предупредив дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на најлошата тортура и прогон во последните 15 години и ги повторив барањата за почитување на нивните права и безбедност. Ја повикав меѓународната заедница поконкретно да се ангажира за сите овие прашања“, рече српскиот претседател на Инстаграм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни