Балкан

Опасни горештини во Грција до крајот на неделата

Опасни горештини во Грција до крајот на неделата

Владата го реши проблемот со немањето доволно амбулантни возила и медицински лица на островите
Цивилната заштита во Грција предупредува на опасно високи температури до крајот на неделата.

Во исто време, Владата го реши проблемот со немањето доволно амбулантни возила и медицински лица на островите со испраќање воени медицински лица.

Денеска властите ги предупредуваат туристите да внимаваат на екстремно високите температури од околу 38 степени и високата влажност. Овој пат е опасен за возрасни и деца. Се препорачува да се избегнува продолжено изложување на сонце. Температурите ќе продолжат да растат до сабота, предупредуваат синоптичарите.

Истовремено, по наредба на премиерот Киријакос Мицотакис, на островите и оддалечените села во земјава се испраќаат медицински екипи и амбулантни возила од противпожарната служба и армијата, соопшти Министерството за здравство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни