Пратеници на владејачката партија Самоопределување денеска на седницата на Собранието на Косово физички се пресметаа со пратениците на опозициските партии.
Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти каде кажувал дека потерницата за Милан Радојчиќ е повлечена на 19 февруари 2021 година, пет дена по изборите, од Владата на Хоти.
Во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка.
Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца нареди да интервенира полицијата.