Балкан

„Срамно однесување! Албанците се фаќаат за гуша“, вели Рама за скандалот во косовското собрание

„Срамно однесување! Албанците се фаќаат за гуша“, вели Рама за скандалот во косовското собрание

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница.

Тој го нарече нападот срамно однесување, што е на штета на Косово.

– Да не се согласуваш со премиерот е демократско право, вака да го изразуваш своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата држава со срам што денеска е на штета на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција, што му се спротивставува на премиерот! Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, онаму каде што треба да се бори со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници, напиша Рама на твитер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни