Македонија

Заменик-министерот Николоски на средби во седиштето на Светска банка – Се идентификуваат приоритетите во новата четиригодишна Рамка за партнерство

Заменик-министерот Николоски на средби во седиштето на Светска банка – Се идентификуваат приоритетите во новата четиригодишна Рамка за партнерство

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, денеска во седиштето на Светска банка во Вашингтон оствари средби со  извршниот директор на СБ, Кун Давидсe и директорот за човечки развој Мајкл Рутковски.

Средбата е во функција на подготовка на новата Рамка за партнерство на земјата со Светска бака за периодот 2024-2028 година. Заменик-министерот изрази благодарност до оваа меѓународна финансиска институција за подготовката на Системската дијагностика на земјата, која претставува аналитички извештај кој претходи на Рамката за партнерство.

„Внимателното идентификување на приоритетите е најзначајно за успешна реализација на новата програма и постигнување на поставените цели. Приоритетите коишто ќе бидат вградени во новата Рамка за партнерство треба да произлезат од она што е дефинирано како приоритет на Владата во националните стратешки документи и во Програмата за економски раст, во која се вклучени  клучните реформи заеднички усвоени со Европската Унија, а кои значат и побрзо приближување на земјата кон ЕУ“, истакна заменик-министерот за финансии.

На средбата стана збор и за тековното портфолио на проекти што се спроведуваат во земјата со поддршка на Светска банка, а во чии рамки се имплементираат девет проекти со заеми од околу 400 милиони американски долари.

Николоски се осврна и на активностите коишто Владата ги презема за усвојување на Стратегијата за човечки капитал, како стратешки документ со цел да се постигне побрз, инклузивен и одржлив раст и да се обезбеди на граѓаните подобри услови и подобар стандард за живот. Стратегијата има за цел да и помогне на земјата да ги подобри резултатите од човечкиот капитал и да ги идентификува клучните предизвици, како и реформските приоритети кои ќе го подобрат и поддржат патот кон поголем просперитет.

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, во Вашингтон, оствари средби и во седиштето на Меѓународниот монетарен фонд со алтернативниот извршен директор  Лук Дресе и со шефот на Мисијата на ММФ  Жак Миниан.

На средбата се разговараше за економските состојби и политики во земјава при што заменик-министерот Николоски ја потенцираше заложбата на Владата на РС Македонија за обезбедување долгорочна фискална одржливост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни