Казна од 120.000 евра е изречена на 76-годишен маж од грчкиот остров Родос во Егејското Море затоа што оставил четири мачиња во картонска кутија, објави грчкиот весник „Прото тема“.
Полицијата во Родос го казни човекот со 30.000 евра за секое напуштено маче, како што налага законот.
Според информациите, пријавениот во април ги оставил четирите мачиња во област во близина на неговиот дом. Животните биле пронајдени во исклучително лоша состојба. Ова доведе до покренување на случај против него за суровост кон животните.