Балкан

Фотографијата на денот доаѓа од Сараево: Полицаец го запре сообраќајот за да помине патка и пајчиња

Фотографијата на денот доаѓа од Сараево: Полицаец го запре сообраќајот за да помине патка и пајчиња

Во Сараево е снимена несекојдневна ситуација на главниот градски пат, а внимание привлече полицаец.

На улицата Змаја од Босна, недалеку од Националниот музеј, случаен минувач снимил симпатичен момент во кој полицаец го запрел сообраќајот за патката и пајчињата безбедно да преминат на другата страна на улицата.

Полицаецот го регулирал сообраќајот на раскрсницата за да ја намали гужвата и да го забрза протокот на возилата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни