Балкан

„Едвај чекам да играм за Србија“: Ѓоковиќ сака нов трофеј

„Едвај чекам да играм за Србија“: Ѓоковиќ сака нов трофеј

Во годината кога Новак Ѓоковиќ ги собори речиси сите тениски рекорди кои постојат и кога продолжува да ги поместува границите до таа мера што тешко дека некој ќе може наскоро да му се закани, настапите на Грен слем турнирите сами по себе не задоволуваат шампионскиот апетит.

Ѓоковиќ сака повторно да го нападне трофејот со Србија (има еден Дејвис куп и еден АТП куп), иако групната фаза во Малага се игра во крајно незгодно време, исто како и лани. Доколку Ѓоковиќ стигне до финалето на УС Опен (10 септември), само два дена подоцна ќе игра за Србија.

Тоа практично значи дека директно ќе лета од Њујорк за Валенсија со надеж дека Србија ќе се пласира во групата со Шпанија, Чешка и Јужна Кореја од 12 до 17 септември.

Тој истакна дека едвај чека да го облече дресот на Србија и дека веќе разговарал со селекторот Виктор Троицки .

„Ќе играм оваа година. Со нетрпение го очекувам. Не играв лани, се чувствував виновен затоа што се надевав дека момците ќе ја поминат групата во Валенсија, па ќе им се приклучам во Малага. Тој формат е воспоставен веќе неколку години, имавме тешка група минатата година. Се надевам дека ќе бидам здрав и достапен. Вистина е дека распоредот е незгоден, во неделата по финалето на УС Опен, но на тренерот Виктор Троицки му кажав дека сум тука и едвај чекам“, искрен беше Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер в недела од 15 часот ќе го игра финалето на Вимблдон против Карлос Алкараз.Доколку го крене трофејот ќе го израмни рекордот со Роџер Федерер (осум), но ќе го зголеми својот рекорд како најуспешен тенисер од сите време до 24 Грен слем титули.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни