Балкан

УЖАС ВО СРБИЈА: 20-годишна мајка пробала да си го задуши бебето

УЖАС ВО СРБИЈА: 20-годишна мајка пробала да си го задуши бебето

Припадници на МВР во Кладово ја привеле А.А.(20) од околината на овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело семејно насилство.

Дваесетгодишната А.А. се сомничи дека се обидела да го задуши своето деветмесечно бебе, поради што е уапсена и задржана до 48 часа.

По истекот на оваа мерка таа ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство Неготино со кривична пријава со која се товари дека извршила семејно насилство.

Согласно Законот за спречување на семејно насилство, полицијата и изрече и итни мерки, времено отстранување од станот и забрана за приближување кон детето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни