Балкан

Рој пчели нападнаа маж во Србија, имал повеќе од 100 убоди: Одвај го однеле во амбуланта…

Рој пчели нападнаа маж во Србија, имал повеќе од 100 убоди: Одвај го однеле во амбуланта…

Поради екстремно високите температури денеска имаа полни раце работа лекарите од чачанскиот Ургентниот центар.

Но, денеска имаа и една необична ситуација во која дури и лекарите сами си ги спасуваа животите и сето тоа на терен, помагајќи му на пациентот.

Имено, лекарите од итната медицинска помош излегле на терен откако биле повикани да му помогнат на маж, кој во неговиот двор го нападнал рој пчели. Меѓутоа, кога дошле, пчелите и нив ги нападнале, пишува Мораваинфо.

– Човекот имаше повеќе од 100 убоди по телото, чекаше помош опкружен со рој пчели. Колегата вели дека хаосот настанал кога се обиделе да го донесат во амбуланта, потоа разбеснетите пчели почнале да ги бркаат и да ги напаѓаат и нив – изјави колега на лекарите во .

Тој наведува дека целиот тим заедно со пациентката во Ургентниот центар дошле исцрпени.

Од Општата болница во Чачак велат дека му укажале помош на пациентот од овој настан, и дека тој е во добра општа состојба.

– Пациентот кој го искасаа пчели е примен во болницата Чачан и се лекува на дерматолошкиот оддел. Неговите витални параметри се стабилни, тој е свесен. Но, тој ќе биде задржан неколку дена во тоа одделение за понатамошно набљудување – изјави д-р Бојан Павловиќ од Итната помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни