Пет лица загинаа во несреќа во Грција, кога се судриле автомобил и камион.
Несреќата се случила на патот Лерин-Солун, кога под се уште неразјаснети околности возило директно се судрило со камион, при што загинале сите пет патници во возилото.
Според извештаите, автомобилот прелетал под камионот, а од силината на ударот бил целосно згмечен.
Пожарникарите морале да ги извлечат телата од автомобилот, додека возачот на камионот е полесно повреден и се наоѓа во болница, надвор од животна опасност.
Според досегашните информации, сопатниците во возилото биле странци, но идентификацијата на нивните податоци се уште не е завршена. Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале бил со регистерски таблички од Албанија.