Две лица се повредени при пад на авионот во населбата Штој во Улцин.
Ова за „Вијеста“ го потврдија од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа.
Едно лице се здобило со тешки, а едно полесни повреди.
Како што може да се види на видеото кое во меѓувреме се појави, авионот може да се види во пламен додека паѓа кон земјата. Снимката не е потврдена како автентична.
Според информациите, повредени се пилотот и уште едно лице кое било со него во малиот туристички авион.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!