Разорното невреме однесе три животи и повреди десетици луѓе. Штетите се уште се собираат, но пристигнуваат и драматични снимки од сведоци на невремето.
Ниту неколку часа откако страшното невреме го мина Загреб, не престануваат да пристигнуваат драматичните снимки и фотографии од невремето и последиците што ги остави зад себе.
Stay safe Zagreb 🙏
🌪️🇭🇷 pic.twitter.com/uq0Wq7mofq— 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪⬢4️⃣2️⃣⬢ 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪forty-two 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪 (@fortytooo) July 19, 2023
Едно од видеата на кои се гледа силата на денешното невреме е снимено во Нови Загреб . Покрај авенијата Вечеслав Хољевац, ветерот откорнал огромен билборд и го фрлил кон автобус полн со патници. Во тој момент на патот имало и автомобили. Со чиста среќа избегната е поголема трагедија.