Балкан

Столтенберг има повик до Косово и Србија

Столтенберг има повик до Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија и Косово треба да спречат ескалација и да се вклучат во дијалог.

Столтенберг на Твитер напиша дека разговарал со српскиот претседател за неодамнешното насилство на северот на Косово каде беа повредени 93 припадници на КФОР.

„НАТО распореди дополнителни трупи и непристрасно го спроведува својот мандат. Приштина и Белград мора да спречат ескалација и да се вклучат во дијалог со посредство на Европската унија“, напиша генералниот секретар на НАТО.

Слика

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни