Премиерот на Албанија Еди Рама денеска изјави дека ЕУ треба силно да дејствува за да обезбеди брза имплементација на Бриселскиот договор постигнат во дијалогот меѓу Белград и Приштина и да се постигне напредок по ова прашање пред, како што наведе, да биде предоцна.
Рама на Твитер напиша дека регионот не смее да стане, како што рече, заложник на непрестајната криза меѓу Белград и Приштина.
Рама посочи дека северот на Косово и Метохија не смее да стане, како што наведе, „мал Донбас“ доколку не се постигне договор, посочувајќи дека неуспехот е поттикнат од Русија.