Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Балкан

ТРАГЕДИЈА ВО ХВАР: Малолетник Австриец настрадал од струен удар додека се туширал во двор од куќа под кирија

ТРАГЕДИЈА ВО ХВАР: Малолетник Австриец настрадал од струен удар додека се туширал во двор од куќа под кирија

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека денеска околу 14 часот и 45 минути било побарано пристигнување на брза помош во општина Јелса на островот Хвар бидејќи во дворот на семејната куќа најверојатно од струен удар бил повреден малолетник.

Од Слободна Далмација известуваат од полициското соопштение дека од здобиените повреди малолетникот починал на лице место.

Како што неофицијално дознава овој весник, момчето било австриски државјанин кое со семејството престојувало на Хвар.

Се наведува дека до струјниот удар наводно дошло додека се туширале под надворешната туш кабина во дворот од куќата што ја изнајмиле во Завала кај Јелса.

Од ПУ на Сплит-Далмација наведуваат дека го известиле надлежното државно обвинителство и дека ќе се спроведе истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни