Првиот вицепремиер Артан Груби пред камерата на Алфа телевизија го покажа автомобилот кој го има наведено во анкетниот лист.
„На мое име е но ја вози татко ми“, вели Груби во телевизискиот разговор.
Подоцна тој нуди и помош за купување на половни возила од негови пријатели.
„Ако вас и имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет“, додаде Груби.