Балкан

Хрватска: Нов земјотрес го погоди Петриње

Хрватска: Нов земјотрес го погоди Петриње

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска кај Петриња, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Земјотресот е регистриран во 15 часот и 20 минути, јавуваат хрватските медиуми.

Сеизмолозите наведуваат дека се работи за умерен земјотрес.

Силна експлозија, громови, куќата многу се затресе. Страшен звук од ѕидовите на куќата крцкаат“, вели сведок од Петриња, пренесува Дневник.хр.

„Тоа беше убав удар. Како автомобилот да ми удри во зграда“, изјави сведок од Сисак, каде што се почувствувал и земјотресот.

Граѓаните на Петриња, кои се уште се опоравуваат од траумата од декември 2020 година, кога овој град го погоди разорен земјотрес, беа вознемирени од ваквото движење на тлото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни