Македонија

ВИДЕО Мистериозен облак се појави во Русија, изгледа како нуклеарна печурка

ВИДЕО Мистериозен облак се појави во Русија, изгледа како нуклеарна печурка

Жителите на Казан, петтиот по големина град во Русија, вчера на социјалните мрежи објавија слики од облак кој личи на нуклеарна печурка. Локалниот медиум Вечерња Казан тврди дека се работи за метеоролошки феномен наречен кумулонимбус или облак налик на наковална.

Што е кумулонимбус?

Кумулонимбус е густ, вертикален облак кој содржи грмотевици, формиран од издигнување на топол, влажен и нестабилен воздух. Горниот дел од облакот често се протега хоризонтално, па облакот добива облик на наковална или печурка. НАСА вели дека овој тип на облак е поверојатно да се формира во тропските широчини во текот на годината и во текот на летната сезона на повисоките географски широчини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни