Балкан

Трагична несреќа во Србија:Девојче настрада од пијан возач, налетал на неа додека возела велосипед

Девојче загина кај Шабац, соседна Србија, кое возело велосипед додека на неа налетал пијан возач

Полицијата во Шабац го уапси Л.М.(22) од околината на градот поради сомнеж дека со автомобилот удрил 14-годишно девојче на велосипед, кое од здобиените повреди почина во Општата болница во Шабац.

Како што се наведува во полициското соопштение, тој се сомнички дека во девојчето удрил синоќа, на пат во околината на Шаваџ, додека возел под дејство на алкохол.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни