Наука и технологија

Почина хит пејачот на „Un Amore Grande“.

Почина хит пејачот на „Un Amore Grande“.

Почина италијанскиот пејач Пепино Гаљарди кој го изведе хитот „Un Amore Grande“Тој почина на 83-годишна возраст во својот дом во Рим.

Веста за неговата смрт ја објави музичарот Џани Атерано преку објава на Фејсбук.

Гаљарди е роден во Неапол, а во мај оваа година наполни 83 години. Со својот уникатен тембр, тој беше популарен во 1960-тите и раните 1970-ти со песни како „Settembre“ и „Gocce di mare“.

Уште од мали нозе Гаљарди ја покажал својата голема љубов кон музиката учејќи да свири на неколку инструменти, меѓу кои и на хармоника. Со своите вештини, тој стекна слава надвор од Италија, а неговите интерпретации беа високо ценети – од групата АББА до младиот уметник Алваро Солер.

Познат по својот софистициран стил, Пепино Гаљарди го постигна својот прв вистински успех во 1960-тите со синглот “T’amo e t’amero”. Три пати настапуваше на фестивалот во Сан Ремо каде го освои второто место со песната „Come le viole“.

Пепино Гаљарди е запаметен по многу песни кои останаа класични, од „Che vuole questa musica stasera“ прикажана на саундтракот на филмот на Дино Рици „Scent in the Dark“ до „Sempre Sempre“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни