Свет

ВИДЕО: Големото чистење на океанот: Отстранети 11 тони пластика од Пацификот

ВИДЕО: Големото чистење на океанот: Отстранети 11 тони пластика од Пацификот

Компанијата „The Ocean Cleanup“ е непрофитна организација специјализирана за чистење на океанот и располага со модерна технологија. Во текот на оваа недела при чистењето на Тихиот океан пронајдени се 11.353 килограми пластичен отпад. Овој напор се смета за едно од најголемите чистење на океаните во историјата.

Секоја година, милиони тони пластика се фрлаат во океаните или стигнуваат до реките. Ако ништо не се преземе, пластиката сè повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравје и економија.

Главниот мотив за чистење на океанот од пластика и друг отпад е здравата еколошка средина. Чистењето на океанот се состои од две фази, пишува РТС.

Прво, пластиката се собира во различни избрани делови на океанот, а потоа се извлекува на брод за специјална намена со помош на специјална технологија.

Покрај океанот, се чистат и речните текови бидејќи преку нив ѓубрето стигнува до океанот.

Целта е да се намали пловечката пластика за околу 90 проценти до 2040 година.

Современиот технолошки „Систем 003“ беше искористен за чистење на мапираниот дел на Пацификот во текот на оваа недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни