Свет

ВИДЕО Експлозија во Пенсилванија: Најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени

ВИДЕО Експлозија во Пенсилванија: Најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во куќа во предградието на Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Непосредно пред 10:30 часот по локално време во саботата, диспечерите на 911 добиле повик дека повеќе домови горат поради силна експлозија што се случила во една од домовите.

Пожарникарите пронашле „луѓе заробени под урнатините“ на местото на несреќата, според официјални лица од округот Алегени.

Малку подоцна потврдија дека загинале најмалку четири лица, а тројца се повредени, од кои еден е во критична состојба.

Експлозијата уништи три куќи и оштети најмалку 10.

Екипи од најмалку 18 противпожарни служби работеа на гаснење на пожарот.

Официјалните лица рекоа дека не можат да го кажат точниот број на исчезнати лица, бидејќи не знаат точно кој бил дома и кој можеби имал посетители во моментот на експлозијата.

Причината за експлозијата е под истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни