Македонија

ВИДЕО „Welcome to Albania“ Касами објави скандалозно видео на Фејсбук од посетата на Курти во Тетово

ВИДЕО „Welcome to Albania“ Касами објави скандалозно видео на Фејсбук од посетата на Курти во Тетово

Добредојде во Албанија. Вака започнува видео спотот кој го објави градоначалникот на општина Тетово Билал Касами од посетата на Албин Курти во земјава.

Знаме на „Голема Албанија“ се вееше на концертот во Тетово, кој во знак на добредојде на косовскиот премиер, Албин Курти, го организираше локалната самоуправа. И на видеото кое се пренесуваше на официјалната фејсбук страница на Општината, се гледа развиорено знаме со карта која ја опфаќа Албанија и делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција, додека Курти пристигнува со градоначалникот Биљал Касами, заедно со Изет Меџити и Африм Гаши.

Вакви националистички однесувања се редовен фолклор на секоја албанска опозиција пред избори, со цел собирање гласови. А тоа му треба и на Изет Меџити кој има нова партија, и на Гаши и на Касами. Очигледно приватната посета на Курти е да им даде сила во борбата против ДУИ која ниедна албанска партија не успеа да ја симне дваесетина години од власт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни