Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово, четири лица итно префрлени во болница

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово, четири лица итно префрлени во болница

На 14.08.2023 во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален  пат Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило ,,шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово.

По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, каде кај двајцата возачи и сопатникот Ј.Л. од патничкото возило „голф“ биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни