Македонија

40 годишник со „Алфа ромео“ излета од автопатот Скопје-Велес, тројца сопстаници итно во болница

40 годишник со „Алфа ромео“ излета од автопатот Скопје-Велес, тројца сопстаници итно во болница

На 14.08.2023 во 17.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Скопје-Велес, во близина на исклучокот Велес-Исток, патничко возило „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.А.(40) од с.Долно Јаболчиште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле тројца сопатници, Ќ.С.(20), Џ.А.(69) и Џ.А.(36), а со телесни повреди се здобиле возачот  и уште двајца сопатници, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Фото: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни