Во канадската западна провинција Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба поради пожар кој брзо се шири и се заканува да уништи повеќе куќи во областа околу градот Западна Келоун, а на околу 4.800 луѓе им е наредена евакуација.
Покраинскиот премиер Дејвид Еби предупреди дека ситуацијата ќе биде критична во наредните денови и посочи дека оваа сезона е најлоша кога се во прашање шумските пожари.
Во петокот на платформата Икс (Твитер) напиша дека владата ќе му помогне на населението и дека се повеќе луѓе ќе бидат евакуирани.
Премиерот предупреди дека наредбите може да вклучуваат и ограничувања за патување во одредени области доколку луѓето не ги послушаат повиците за да избегнат несуштински патувања.
Шумскиот пожар во Мекдугал Крик порасна од 64 на 6.800 хектари за 24 часа.
Во исто време, околу 22.000 луѓе, или приближно половина од населението, беа раселени во северозападните територии на Канада поради голем пожар, јави Би-Би-Си.
Помина и официјалниот рок за евакуација на главниот град на северозападните територии, Јелоунајф.