Агенцијата Ројтерс објави видео на кое се гледа спасување на две деца од заглавена жичарница која виси на 274 метри над пропаст во планинскиот дел на северозападен Пакистан.
Да потсетиме, спасувачите се обидуваат да извлечат осум лица, меѓу кои шест деца, од кабината на жичарницата која виси над пропаст на североистокот на Пакистан.
Децата биле на пат кон училиште кога еден од каблите се скинал, оставајќи ја кабината да виси над земјата.
Армијата учествува во спасувачката операција, како и хеликоптери кои ја надлетуваат областа во планинскиот регион Батаграм, но силните ветрови ги попречуваат напорите на спасувачите.