Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо, почина во Швајцарија, соопшти неговиот адвокат.
„Почина во Швајцарија. Имаше 76 години“, изјави адвокатот за Франс прес, без да ја прецизира причината за смртта.
Синот на Пикасо управувал со наследството на сликарот од 1989 година. Во јули објави дека заминува во пензија и дека функцијата и ја препушта на сестрата Палома.
Пикасо имаше четири деца. Станува збор за Пауло, најстариот син роден за време на врската со Олга Хохлова, која почина во 1975 година, потоа Маја, ќерката на Мари-Терес Валтер, која почина во 2002 година, Клод и Палома, родени за време на врската со Франсоаз Жило.
Claude Picasso, New York, 1967
© Richard Avedon pic.twitter.com/tdSQSWnXZK— María (@MaraRiv2) May 15, 2020