Свет

Вашингтон испраќа нови 250 мил. долари воена помош за Украина

Вашингтон испраќа нови 250 мил. долари воена помош за Украина

САД испратија повеќе од 43 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

САД во вторникот објавија нов пакет воена помош за Украина од 250 милиони долари, кој вклучува системи за противвоздушна одбрана и артилериска муниција, опрема за деминирање и медицински возила.

Новиот пакет вклучува нова опрема за деминирање, противвоздушни ракети, муниција за артилерија и системи ХИМАРС и повеќе од три милиони парчиња муниција за мало оружје, рече државниот секретар Антони Блинкен.

„САД и нашите сојузници и партнери ќе останат обединети со Украина онолку долго колку што е потребно“, рече тој.

САД испратија повеќе од 43 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни