Единаесет луѓе на летот на „Делта ерлајнс“ беа пренесени во болница во вторник, на 29 август, откако доживеале „тешки турбуленции“ пред да слетаат во Атланта , изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен .
Во авионот, кој полета од Милано, имаше 151 патник и 14 членови на екипажот, кога се појавија турбуленции на крајот на летот, изјави портпаролот на Делта. Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот.
Не се знае точниот степен на повредите.
Инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на аеродромот во Атланта, за на крајот леталото безбедно да слета.