Свет

ВИДЕО 52 загинати во страотен пожар во зграда во Јоханесбург

ВИДЕО 52 загинати во страотен пожар во зграда во Јоханесбург

Најмалку 52 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, потврдија службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе.

Повредени се уште 40 лица.

Пожарот избувна рано утринава по локално време.

Зградата е евакуирана и во тек е акција за пребарување и спасување. 

Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека операцијата за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините е во тек и дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат, но од прозорците на опожарената зграда во центарот на Јоханесбург сè уште извира чад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни