Македонија

Среќно, првачиња!

Среќно, првачиња!

Среќно, првачиња!

Некои збунети, некои возбудени, некои полни со самодоверба, а некои залепени за мама или тато, тргнаа во нова авантура наречена училиште.

Првачињата беа дочекани во училиштата со приредби за добредојдe, забави и говори и топли насмевки од наставничките. Новото поглавје од нивниот живот донесе емоции кои можеа да се видат на лицата на најмалите ученици, кои ги наполнија школските дворови, годинава без маски и одржување растојание.

Многу насмевки и среќни лица, но и солзи радосници можеа да се забележат и на лицата на родителите, кои на моменти изгледаа повозбудени и понетрпеливи и од дечињата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни