Тајфунот Саола рано утринава стигна на копно во јужна Кина, откако речиси 900.000 луѓе беа евакуирани, а економскиот живот, транспортот и образованието беа нарушени во Хонг Конг и другите крајбрежни делови на јужна Кина, објави Асошиетед прес.
Метеоролошката служба на провинцијата Гуангдонг соопшти дека моќниот тајфун утрово во 03:30 го погодил предградието на градот Жухаи, јужно од Хонг Конг. Потоа се очекува да се движи во југозападен правец долж брегот на Гуангдонг со брзина од околу 17 км/ч, а потоа постепено да ослабне и повторно да се движи назад над морето.