Македонија

Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Не го потпишувај законот за амнестија за криминалите на СДС и ДУИ

Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Не го потпишувај законот за амнестија за криминалите на СДС и ДУИ

Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија, објасни пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.

Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава“, вели тој во својата објава на Фејсбук.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни