Свет

Профит околу 1,8 милијарди евра годишно: Кој ќе го земе наследството на Пригожин?

Профит околу 1,8 милијарди евра годишно: Кој ќе го земе наследството на Пригожин?

Тие ја пресметуваат заработката на покојниот лидер на „вагнер“ Евгениј Пригожин на околу 1,8 милијарди евра годишно. Кој ќе ги добива приходите од ископувањето злато и минерали во Африка на кои „Вагнер“ има права? Сè уште не е јасно.

Неговата сопруга и трите деца поседуваат хотели со пет и четири ѕвезди, луксузни комплекси и деловни центри.

Нејасно е што ќе биде со имотот на приватната воена компанија „Вагнер“ по смртта на нејзиниот водач Евгениј Пригожин, како и дали таа ќе се распушти.

Она што е интересно е кој ќе ги добие приходите од екстракција на злато и минерали во африканските земји каде што групата има права – Мали и Централноафриканската Република, како и парите што Либија и Судан им ги дале во замена за воена поддршка. Можно е тие да бидат префрлени на други руски компании.

Таканаречените „фабрики за тролови“ на Пригожин сè уште функционираат, иако тој ги ликвидираше своите медиумски компании по обидот за пуч. Се претпоставува дека државата или фирмите контролирани од неа ќе ја преземат интернет пропагандата во веќе развиените канали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни