Н.Г. (26) бил нападнат вчера околу 2 часот по полноќ пред ресторан во улицата Капетан Мишина во Белград, дознава „Блиц“.
Како што потврдија за „Блиц“, три непознати лица ја собориле на земја, и удирале со клоци по нозете, при што насилно и го одзеле мобилниот телефон.
На повредената девојка и била укажана лекарска помош во Ургентниот центар каде и биле констатирани тешки физички повреди во вид на скршеница на потколеницата на левата нога.
Полицијата работи на расветлување на кривичното дело.