Балкан

ВИДЕО: Мајмун шета по кровови во Белград!

ВИДЕО: Мајмун шета по кровови во Белград!

Снимка од мајмун како шета по покрив во Карабурма предизвика неверување кај граѓаните!

Објавата на која се гледа како мајмун полека оди по покривот, е објавена на страницата на Инстаграм „moj_beograd_rezerva“, а веднаш потоа следеле голем број коментари.

„Од каде е мајмунот во Карабурма?! Боже, кутро животно“, „Се надевам дека ќе се спаси, или уште подобро дека е на добар човек“, се само дел од коментарите.

Во прашање е мајмун макак?

Пребарувањето фотографии на Гугл покажало дека најверојатно се работи за мајмун макак. Постојат вкупно 23 видови на овие мајмуни кои ги населуваат областите низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

Макаките главно јадат овошје и растенија. Некои можат да се хранат и со штетници. Во просек, макаките од јужна свинска опашка во Малезија јадат околу 70 големи стаорци годишно. Интересно е што сите општествени групи на макаки се матријархални, распоредени околу доминантни женки.

Тие живеат во големи групи. Некои видови имаат долги опашки, некои имаат кратки опашки, а некои немаат воопшто видлива опашка. Повеќето макаки се кафеави, но има и црни. Имаат розова или црвена кожа на лицето и задникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни