Свет

Расте тензијата, владата е под опсада, летаат шишиња: „Сето ова е последица на руската политика“

Расте тензијата, владата е под опсада, летаат шишиња: „Сето ова е последица на руската политика“

Неколку десетици луѓе се собраа во Ереван пред руската амбасада, осудувајќи ја нејзината неактивност да ја спречи вооружената офанзива на Азербејџан во Нагорно-Карабах.

„Сето тоа е последица на руската политика, тие (Русите) не сакаат да го бранат Нагорно-Карабах“, изјави еден од демонстрантите за новинарот на АФП.

Во исто време, во Ереван се одржува уште еден протест пред седиштето на Владата.

Неколку стотици демонстранти бараат оставка од ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој ги осуди земјите кои ја поддржуваат воената операција на Азербејџан во Нагорно Карабах.

Полицијата го затвори влезот на Владата, пред која демонстрантите извикуваат „Никол е предавник“ и „Оставка“.

Расте тензијата на централниот плоштад во Ереван, а граѓаните фрлаат шишиња кон полицијата.

Азербејџанските власти претходно денеска објавија дека започнале „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно Карабах.

Според најновиот извештај на ерменските власти во Нагорно Карабах, пет лица загинале, а 80 се ранети.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата на регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

Оттогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија долго време се жали на нивната неефикасност. Изолацијата на Русија на меѓународната сцена, поради конфликтот во Украина, го ограничува и просторот за маневрирање на Москва.

Нагорно-Карабах, претежно ерменска територија, се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 1990-тите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни