Маж од село во близина на Загреб водел гола жена низ селото, а по апсењето ги уверил истражителите дека всушност е добар човек, јавува Н1 Загреб.
Судијата му одреди мерка притвор за да не повтори вакво кривично дело. Имено, тој бил крајно насилен кон сопругата. Ја удрил по глава обвинувајќи ја дека е кучка.
„Зошто го направи тоа? По ѓаволите! Признај се!“, ѝ викнал на жената.
После тоа, ја извлекол гола надвор од куќата и ја водел низ селото за да „на сите им ја осуди како прељубница“.
На крајот бил приведен и пријавен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди. Обвинителството побара да му се изрече мерка притвор за да не влијае врз сведоците, пред се неговата жртва и да не го повтори кривичното дело.
Судијата заклучил дека барањето е оправдано, па осомничениот маж бил однесен во Ремитенец.