Балкан

Чудо во Мостар: Поранешниот селектор на Србија се посрамоти како никогаш во животот, го исмејуваше својот ривал, па доживеа сурова шлаканица по сензационален пресврт

Чудо во Мостар: Поранешниот селектор на Србија се посрамоти како никогаш во животот, го исмејуваше својот ривал, па доживеа сурова шлаканица по сензационален пресврт

Вакво нешто не му требаше затоа што сега списокот на оправдувања ќе му биде многу, многу тесен.

Зрињски успеа да направи чудо на почетокот од групната фаза од Конференциската лига. Кога АЗ Алкмар пристигна во Мостар, малкумина му дадоа големи шанси на домашниот клуб.

Кога холандскиот клуб водеше со 3:0 по 44 минути, веројатно и најтврдокорните оптимисти не можеа да погодат што ќе се случи. Во вториот дел Зрињска со крилата на Ќорлука, Хрвановиќ и Кожуљ кои постигнаа два гола успеа да направи пресврт и да забележи историски триумф во Европа.

Тренер на АЗ Алкмар е Дик Адвокат, поранешниот селектор на Србија, кој реши да го исмејува својот ривал во програма во живо при гостување во холандска програма.

„Неразбирливо е да се дозволуваат такви екипи да играат во европскиот фудбал“, рече Адвокат, а потоа Зрињски најде начин да одговори на овие навреди.

Во Мостар сега се надеваат дека би можеле да направат слична сензација против Легија или Астон Вила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни